Top Sport

(Видео) Сала на познат кошаркарски клуб изгоре на Божиќ

Салата на кошаркарскиот клуб „Гравлен“ од градот со исто име, во Франција, изгоре во пожар на Божиќ.

Салата, со капацитет од нешто повеќе од 3.000 места, ја проголта онот што избувна на Божиќ.

„Ви благодарам на сите за вашите пораки за поддршка. Пожарникарите даваат се од себе за да го изгаснат овој ужасен оган што ја уништува салата. Благодарение на овие херои, им ја испраќаме целата своја сила“, соопштија од клубот.

Гравлен, инаку го зазема претпоследното место во францускиот шампионат.

Најголем успех во историјата е трофејот „Куп на Франција“ во 2005 година.

Scroll to Top