Американската атлетичарка Сиднеј Меклафин-Леврон го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на националните олимписки квалификации во Јуџин, пренесува ESPN.
Меклафлин-Леврон (24) утрово истрча 400 метри за 50,65 секунди. Таа со триумфот во Јуџин обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз.
50.65! A NEW WORLD RECORD FOR SYDNEY MCLAUGHLIN-LEVRONE 👏 #TrackFieldTrials24 pic.twitter.com/j57bj8qIgY
— NBC Sports (@NBCSports) July 1, 2024
Американската атлетичарка го собори сопствениот рекорд што го постави во 2022 година на Светското првенство во Јуџин (50,68 секунди).
Меклафин-Леврон освои златни медали на 400 метри со пречки и штафета 4×100 метри на Олимписките игри во Токио 2021 година.
Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.