Актуелната шампионка од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза излета од Мастерсот во Индијан Велс, откако светската тенисерка број 100, Американката Саша Викери ја победи со 2:6/7:5/6:1.
Третата носителка Мугуруза, која лани беше прогласена за тенисерка на годината според ВТА, во септември беше светска тенисерка број 1.
„Направив неколку лоши грешки и таа го искористи тоа и го крена нивото на игра“, вели Мјугуруза, која имаше пет двојни сервис грешки и загуби пет брејка во мечот од 2 часа и 11 минути.
Следна за Викери е Јапонката Наоми Осака, која претходно ја елиминираше Марија Шарапова од турнирот, а потоа ја елиминираше и Полјачката Агњешка Радвањска.
Првата носителка, Романката Симона Халеп со 6:4/6:4 ја помина Чехинката Кристина Плишкова, Петра Квитова се намачи со Казахстанката Јулија Путинцева за 6:7(4)/7:6(3)/6:4 победа, додека, Каролина Плишкова со 7:6(4)/6:1 ја победи Романката Ирина-Камелија Бегу.
Кај мажите, ветеранот Маркос Багдатис со 7:5/3:6/7:5 беше подобар од Јапонецот Јошихито Нишиока, Гаел Монфис со 6:3/6:3 го „збриша“ Метју Ебден, додека Пјер-Иг Ербер ја доби француската пресметка со Жил Симон со 6:7(8)/7:6(5)/6:3.
Фото: ЕПА