Top Sport

Вилијамс е најбрзиот нокаутирач во УФЦ

Кејос (Хаос) Вилијамс го заврши својот втор УФЦ меч за само 30 секунди, брутално нокаутирајќи го Абдул Разак Алхасан и потврдувајќи дека неговото име не е случајност. Во своето деби во уФЦ во февруари, тој го совлада Алекс Морон за само 27 секунди!

„Се работи за напорна работа и посветеност. Се надевам дека противникот е океј, ќе го разбуди лекарот. Ништо тука не е лично, туку е само казна. Чекав долго време да дојдам на ТВ и да го правам ова. Сега е мојата шанса“, изјави Вилијамс.

Со него беше импресиониран и шефот на УФЦ, Дејна Вајт.

„Ова беше еден од најопасните нокаути кои сум ги видел во животот“, изјави Вајт.

Со двете победи, Вилијамс неочекувано станува конкурент за титулата во велтер категорија. Актуелниот шампион Камару Осман ќе ја брани титулата против Гилберт Барнс на почетокот на 2021, но тука се и фаворизираните Леон Едвардс и Хамзат Чимаев.

Scroll to Top