Top Sport

Вилијамс влезе во финале, но не знае ќе игра (видео)

Велшанецот Марк Вилијамс е на една победа од својата прва ранкинг титула од 2011 година, откако со 6:2 го совлада Елиот Слесор во полуфиналето на Северна Ирска опен, но не знае дали ќе игра откако неговата сопруга Џо заврши во болница во саботата.

42-годишниот двократен светски шампион стигна до финалето додека неговата сопруга беше во болница во Велс поради вирусен менингитис. Тој за малку ќе се повлечеше претходно на турнирот, но неговата сопруга излезе од болница.

„Телефонски повик кој не го посакував. Луѓето од амбулантата ја враќаат Џо во болница. Нешто не е во ред. Ќе видиме што ќе се случи“, напиша Вилијамс на Твитер.

Вилијамс последен пат победи на ранкинг-турнир против Марк Селби на Германскиот Мастерс во 2011 година, а претходен британски триумф му беше ЛГ купот во 2003 година.

„Немам иста желба како кога имав 21 година, но играм повеќе последните години. Додека уживам во тоа што го правам ќе играм. На почетокот на сезоната првпат помислив да се повлечам, но сопругата ме разубеди. Изгледа не сака да ме гледа секое утро“, изјави по победата во полуфиналето Вилијамс.

Во финалето, Вилијамс треба да игра со 17-годишниот Јан Бингтао, кој ја продолжи фантастичната форма во последните недели и во кинеското полуфинале го совлада 19-годишниот Лиу Хаотиан со 6:2

Scroll to Top