Новаќ Ѓоковиќ по 2 часи игра го мина првото коло на тенискиот грен слем турнир, Вимблдон. Со 3-1 во сетови беше подобар од 19-годишниот Џејк Дрејпер, или по сетови (4-6 6-1 6-2 и 6-2).
Ѓоковиќ изненадувачки го загуби првиот сет на лизгавата трева од 253-от тенисер на АТП листата, но брзо се консолидираше, па наредните 3 сета ги доби релативно лесно и брзо.
„Се чувствувам сјајно, ова е најсветскиот тениски терен во светот. Многу сум среќен што можам да зборувам овде по завршувањето на мечот“ рече Ѓоковиќ.
Тој ја пофали играта на младиот противник.
„Заслужи голем аплауз. Има само 19 години, не сум го гледал пред овој турнир, поточно пред Квинс, каде стигна до четвртфиналето. Победи некои високорангирани играчи. Да излезеш на централниот терен на Вимблдон е нешто неверојатно, одигра одлично и зрело. Му посакувам се најдобро во продолжение на кариерата“ рече Ѓоковиќ.
Српскиот ас во второто коло ќе игра против подобриот во дуелот Андерсон и квалификантот Бариос.