Челниците на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон, решија од 2019 година да воведат тај-брејк во петтиот сет. Ова година на Вимблдон беа одиграни неколку маратонски мелеви, меѓу кои и историскиот полу-финален помеѓу Џон Изнер и Кевин Андерсон.
Мечот помеѓу Изнер и Андерсон траеше шест часа и 35 минути, а победи тенисерот од Јужна Африка 7:6, 6:7, 6:7, 6:4, 26:24.
Последниот сет од овој меч, во кој беа одиграни 50 гема, траеше речиси три часа.
Најдолгиот меч во историјата на Вимблдон, го одиграле Изнер и Никола Мау од Франција, во 2010 година. Овие двајца играа 11 часа и пет минути, а на крајот победил Американецот 6:4, 3:6, 6:7, 7:6, 70:68.