Top Sport

Вирер не освои медали, но ги освои фотографите (галерија)

Италијанската биатлонска ѕвезда, Доротеа Вирер не успеа да освои медал во првите две дисциплини на Олимпијадата во Пјонгчанг, но затоа ги освои срцата на фотографите, кои не можеа да и одолеат на атрактивната Италијанка.

27-годишната Италијанка британскиот таблоид „Сан“ ја спореди со „Бонд девојка“ од филмовите за славниот детектив, откако Вирер прво заврши на 15. место во трката на 10 километри, за во четвртокот да биде седма на 15-километарската трка.

Вирер по слабите резултати за италијанските медиуми изјави дека страда од настинка, поради која и беше тешко да се концентрира на стрелиштето (таа имаше 5 грешки на 10 километри и 3 на 15).

„Страдам од настинката, а условите тука не се најдобри. Не ги чувствував прстите на студот“, признава Вирер, која во кариерата има четири победи во Светскиот куп, а претходно доминираше во јуниорските категории.

Вирер почна со биатлонот на 18 години како членка на спортскиот клуб на италијанската полиција.

New skies and new design for the Olympics ? @rossignol #anotherbestday #bandofheroes

A post shared by DOROTHEA WIERER (@dorothea_wierer) on

Scroll to Top