Top Sport

Вирус нападна пред „најстудената“ Олимпијада

Епидемијата на норовирус (или како што го нарекуваат зимски вирус со повраќање) на Олимпијадата во Пјеонгчанг продолжува да „владее“ откако вкупно 86 луѓе го имаат вирусот на 48 часа пред Свеченото отварање.

„Војнците ќе бидат задолжени за проверката на безбедноста во 20 објекти, бидејќи луѓето од обезбедувањето се разболеа“, се вели во соопштението на организаторите.

За среќа, досега ниту еден спортист не се пожалил дека е болен.

Пред Олимпијадата постои уште еден „проблем“ за спортистите – се очекува дека Игрите ќе бидат „најстудени“ во историјата. Ноќните температури во Пјеонгчанг се постојано под -20 степени, а во текот на денот температурата ретко кога ја надминува нулата. Засега, најстудена Олимпијада беше таа во Лилехамер во 1992 година со просек од -11 степени.

Австриската скијачка ѕведа, Марсел Хиршер вели дека скијачите користат различен пар на скии во секое возење поради замрзнатата патека.

„Снежните кристали стануваат навистина остри на -20, така што скијата едноставно се уништува“, признава Хиршер.

Норвешкиот нордиски тим објави дека дел од тренинзите се префрлени во сала поради стравувањето од вирусот и од оштетувања на дишните патишта.

Посебен проблем ќе биде петочното Свечено отварање, на кое ќе присуствуваат официјални лица и 35 илјади гледачи на отворениот „Олимписки стадион“ вреден 58 милиони долари. Организаторите веќе одлучија церемонијата да трае под два часа. Американската скијачка Сејди Бјорнсен вели дека студот се сфаќа сериозно.

„Имаме топли јакни од ‘Ралф Лорен’, а ни кажаа дека ќе има и место со греење каде што ќе можеме да стоиме. Кога ќе заврши, веднаш одиме во автобусот“, вели Бјорнсен.

Scroll to Top