Top Sport

Вивијани со втора победа на Џирото (видео)

Италијанецот Елија Вивијани (Квик Степ) победи во втора етапа во низа на Џиро Д’Италија, кое го комплетираше тридневниот старт во Израел пред да се врати на Апенините.

Вивијани беше „истеран“ кон бариерите од Ирецот Сем Бенет (Бора) во лудото финале во Елијат, но успеа да го задржи фокусот и да го победи Саша Модоло и Бенет во спринтот до финиш линијата. Бенет немаше сила во последните 50 метри.

„Утрово, првите два часа се чувствував навистина лоши и мислев дека немам енергија по победата во саботата. Но, потоа работите станаа подобри и знаев дека можам да победам. Видов дека Бенет почна бргу и затоа решив дека спринтот е најдобро решение во тој момент“, изјави 29-годишниот Италијанец.

Ова е 29. етапна победа за Квик Степ оваа сезона, а Вивјани сега е убедлив лидер во чикламино пласманот на поени за најдобри спринтери.

Австралиецот Роан Денис (БМЦ) ја задржа лидерската розева маичка пред враќањето во Италија.

Scroll to Top