Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, по средбата со одговорните во Агенцијата за млади и спорт и повеќето спортски федерации, најава изградба на „Дом на спорт“, како и нова стратегија и закон за спорт од септември.
„Очекувам до 1 септември да се донесе новиот закон спорт и нов закон за спонзорство. Веќе течат комплетните активности во корелација и со МОК, Општина Центар, Град Скопје и националните федерации околу изградбата на ‘Дом на спортот’, кој навистина ѝ е неопходен на Македонија и на спортските федерации. Дел од средствата за изградба се веќе обезбедени од МОК, а остатокот треба да се дополни со средства од Владата на РМ. Утврдена е и локацијата. Домот на спортот би бил покрај реката Вардар, на спротивната страна од арената „Филип Втори“, изјави Заев.
Ќе се проширува наставната програма, со поголем број часови по физичка култура и предмет пливање. Најавено е формирање фонд за спорт.