Top Sport

Влхова со изненадување за Шифрин во Лапонија

Словачката скијачка Петра Влхова ја надополни разликата на американската фаворитка Микаела Шифрин од првото возење, за триумф на слаломот од Светскиот куп во Леви, Финска.

22-годишната Влхова заостануваше 22 стотинки од секундата зад олимписката шампионка во слалом, Шифрин по првото возење, но имаше убедливо најдобро второ возење на патеката во ски-центарот во „домот на Дедо Мраз“ за да на крајот да биде 10 стотинки пред Шифрин. Подиумот го комплетираше Швајцарката Венди Холденер со заостанување од 1.35.

За Влхова, поранешната јуниорска шампионка во слалом, ова е трета победа од Светскиот куп, по таа во Оре во декември 2015 и во Аспен во март 2017 година.  За Шифрин, шампионката од СК во слалом и во генерален пласман, ова е само дополнителен предизвик во олимписката сезона.

Scroll to Top