Top Sport

Внукот на прочуениот мафијаш победи во ММА-борба (Видео)

Џон Готи Трети, внук на еден од најголемите мафијашки шефови во историјата, Џон Готи, ја забележа првата професионална ММА-победа во октагон.

Дедото на Готи Трети бил на чело на њујоршката фамилија Гамбино сѐ до 1992 година кога е уапсен за сторени тешки криминални дела.

Џон Готи бил затворен до 2002 година кога починал од рак на белите дробови, а бизнисот го продолжил неговиот син Јуниор. Сепак, Готи Трети не тргнал по стапките на својот дедо и татко.

„Кога и мојот татко беше затворен, борбите беа тие што ме спасија да не тргнам по криви патишта“, рекол Готи Трети.

Интересно, првата победа Готи Трети ја забележа на денот кога бил роден дедо му, кој доколку беше жив, ќе го славеше 77. роденден.

Scroll to Top