Top Sport

Во 2020-та контото на Џошуа пораснало до 200 милиони долари

Иако за многумина минатата 2020-та година беше катастрофална на финансиски план, британскиот боксер Ентони Џошуа може да се пофали со драстично зголемување на богатство, пишуваат дел од британските медиуми.

Угледниот „Сан“ според информации добиени од компанијата „Спарта промоушн“ објави дека Џошуа на сметка има околу 200 милиони долари.

За споредба, пред една година контото на неговата сметка изнесувало 88 милиони долари.

„Неговата година беше неверојатна – големи мечеви и солидни договори за рекламирање, благодарение на луѓето околу него. Неодамна објави дека започнува сопствено студио. Во исто време, дава големи суми пари за да помогне за салите за аматерски боксери, за да не се затворат поради пандемијата“ – изјавил за „Сан“ близок пријател на Џошуа.

Очекувањата од тековната година се уште поголеми ако се знае дека Џошуа го очекува пресметката со Тајсон Фјури. Двајцата боксери може да „ќарат“ по над 150 милиони долари од овој спектакл.

Scroll to Top