Олимпискиот пламен за Игрите во Токио што треба да се одржат ова лето беше запален, во четвртокот без присуство на публика, во древната Олимпија во Грција.
Пламенот е запален во моментот кога поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот масовно се откажуваат спортски настани, а под знак прашалник е и одржувањето на олимписките игри.
Палењето на олимпискиот пламен е одржано со ограничен број на делегати, официјални лица и новинари.
Олимпискиот факел со помош на огледало и сончевите зраци го запали актерката Ксанти Георгиу, а потоа факелот го понесе шампионската во стрелаштво Ана Коракаки. Прва пат во историјата се случува жена да биде прв носител на факелот.
Коракаки потоа олимпискиот факел и го предаде на Мицуки Ногучи, која во 2004 година победи на маратонската трка на ОИ во Атина.
Осум дена факелот ќе биде во Грција, а на 19 март на стадионот „Панатинаику“ во Атина ќе им биде предаден на домаќините.