Top Sport

Волкановски ја сочува светската титула и се израмни со Нурмагомедов

Александар Волкановски го одбрани шампионскиот појас во перо – лесна категорија во УФЦ третпат го победи Макс Халовеј. Австралиецот со македонско потекло потврди дека е еден од најголемите борци во историјата на УФЦ и се уште е непоразен во октагонот.

Волкановски стана и само четвртиот борец во историјата на УФЦ што ги добил првите 12 борби по легендите Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов. Тој воедно стана и првиот во историјата со три победи против еден ист противник во борби за титула.

Утринава во Лас Вегас тој славеше со едногласна одлука на судиите. Во неговата професионална кариера тој сега има скор од 25 победи и само еден пораз на почетокот на неговата кариера, што го доживеа во друго натпреварување.

Scroll to Top