Top Sport

Волкановски му одговори на Топурија: Секогаш сакам борба со првиот предизвикувач

УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски на 8 јули ќе го брани својот појас против Јаир Родригез, но признава дека уште сега го чека својот следен предизвикувач, посочувајќи кон импресивниот Грузиец со шпански пасош, Илија Топурија.

За репутацијата на 34-годишниот Волкановски доволна е информацијата дека УФЦ го поставува пред Ислам Махачев на рејтинг-листата без разлика на категоријата и покрај поразот од него во категорија повисока од неговата.

„Слушнав дека многу луѓе го споменуваат Илија, но нема проблем. Јас го сакам првиот предизвикувач и нема да зборувам за било што друго. Мислам дека тој е добар фајтер, но колку повеќе зборува, толку ќе бидам поподготвен. Сакам нови фаци, сакам да бидам активен. Прво ќе мислам на Јаир, а потоа кога ќе ја завршам работата, ќе видиме“, вели Волкановски за „ЕСПН“.

Топурија стана еден од најголемите предизвикувачи на Волкановски по импресивната победа над Џош Емет, по што изјави дека е подготвен да патува во Австралија за дуел со шампионот.

Scroll to Top