Top Sport

Вон ќе паузира за да биде подготвена за Олимпијадата

Линдзи Вон се повлече од неделната супер-џи трка во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц поради повреда на грбот, само два месеци пред Олимпијадата во Пјеонгчанг.

Поранешната олимписка шампионка во спуст има „компресија на грбот“ која ја доби на петтата врата во саботната супер-џи трка, по што заврши на 24. место.  Американката ја пропушти Олимпијадата во Сочи во 2014 година поради повреда на коленото, една од многуте во нејзината блескава кариера.

„Навистина сум разочарана, но најголемата цел оваа сезона е да бидам подготвена за Олимпијадата. Се надевам дека ќе се вратам следната недела“, изјави 33-годишната победничка на 77 трки од Светскиот куп.

Флури со деби победа, Вон повторно се повреди (видео)

Scroll to Top