Top Sport

Вон само осма на првиот тренинг во Лејк Луис

Американката Линдзи Вон го постави осмото најдобро време на тренингот за првиот женски спуст оваа сезона во канадскиот ски-центар Лејк Луис, едно од нејзините омилени места за скијање.

Тина Вајратер од Лихтенштајн имаше најдобро време, пред Италијанките Елена Фанкини и Софија Гоџија, додека Вон беше на осмото место со 0.30 секунди послабо време. Лидерката во Светскиот куп, Микаела Шифрин, во редок настап во спуст беше 20. најбрза.

Вон има 77 победи од Светскиот куп, што е рекорд кај дамите, и таа заостанува само зад великанот од Шведска, Ингемар Стенмарк, кој има 86 победи од СК. Сепак, токму во Лејк Луис, Вон има 18 победи од СК, 14 во спустот и четири во супер-џи. На програмата во Канада се два спуста во петок и сабота и супер-џи во недела.  На програмата има уште два тренинзи во среда и четврток.

Scroll to Top