Top Sport

Вознемирувачка сцена на АО, собирач на топки се сруши на земја

Високите температури во Мелбурн каде се игра првиот годинешен грен слем Австралија опен влијаеја на едно од децата кои собираат топчиња крај теренот. На теренот број 16 во текот на мечот од првото коло меѓу Јужноафриканецот, Лојд Херис и Данецот Микаел Торпегард едно од децата задолжено за собирање на топчињата колабираше и се сруши на теренот.

Во текот на првиот сет момчето едноставно се најде на земјата, играчите во паника повикаа помош, која влета на теренот и му ја пружи медицинската помош на детето.


Според информациите, момчето е добро и без сериозни последици. По укажаната помош тој е изнесен од теренот и мечот продолжи.

На крајот Херис славеше победа со 3-1 и обезбеди пласман во следното коло.

Scroll to Top