Top Sport

Вознемирувачко видео! Руски боксер со еден удар уби човек на улица

Поранешниот боксер Михаил Старцев и поранешната светска првенка во кик-бокс Лилија Воригушина биле главни актери во трагедијата во смртно настрадал татко на три деца објави „Раша тудеј“.

Трагичниот инцидент се случил во градот Барнаул на паркинг пред еден ноќен клуб. Старцев и Воригушина влегле во расправија со човек, кој како што се гледа на снимките, во раката држи стап.

За да го заштити човекот кој по ударот на кик-боксерката завршил на подот, несреќниот Павел Похлов тргнал да ја смирува ситуацијата.

Воригушина со нога го удрила човекот кој лежел, а потоа таа добила удар од Похлов. Налутен од таквата реакција Старцев од зад грб го удрил Похлов кој паднал, удрил со главата удрил во асфалтот и веднаш починал.

Сопругата на починатиот на социјалните мрежи ја објавила снимката.

„Благодарение на ова животно моите три деца повеќе немаат татко, кој само се обиде да му помогне на хендикепирано лице. Тој човек со стап во раката само се обидуваше да избега од тие злобници. Мојот Павел се обиде да помогне, да ги раздвои, но кик-боксеката Ворогушина и нејзиниот пријател не нападнаа. Тогаш се случи тој фатален удар и момента смрт. Моментна! Никој од тие злобници не ми се извини мене ниту на неговите родители“, напишала сопругата на Похлов која исто така била учесник во трагичниот инцидент.

 

Scroll to Top