Каролина Вознијацки, доживеа сензационален пораз во второто коло, на турнирот во Окланд.
Третата тенисерка на ВТА листата, во два сета (6/4, 6/4) загуби од канадската тинејџерка Бјанка Андреску, инаку 152. тенисерка во светот.
Incredible performance from @Bandreescu_ !
She takes out top seed Wozniacki 6-4, 6-4 in Auckland @ASB_Classic ! pic.twitter.com/cvFhuipSwA
— wta (@WTA) January 3, 2019
„Искрено не можам да поверувам дека победив. Сонував да играм на големата сцена со најдобрите тенисерки, сега сум тука. Имав проблеми со грбот изминатите шест месеци“, рекла 18-годишната Канаѓанка.
Во четврт-финалето Андреску ќе игра против легендата на женскиот тенис Венус Вилијамс. Американката, во осмина-финалето, ја победи сонародничката Лорен Дејвс со 6/3, 6/3.