Top Sport

Вознијацки го освои Истбурн

Данската тенисерка Каролин Вознијацки ја освои титулата на ВТА турнирот во Истбурн. Првата носителка за два часа ја победи во финалето Арина Сабаленко.

Вознијацки и пред почетокот на дуелот беше фаворит, меѓутоа потешко од прогнозите ја победи 45.тенисерка на ВТА листата.

Тенисерката од Данска славеше со 7:5 и 7:6.

Вознијацки во финалето ја забележа 600.победа во кариерата. Вознијацки ја освои втората титула во Истбурн, прва по пауза од девет години.

Scroll to Top