Top Sport

Вознијацки со молба до Ливерпул: Не го продавајте Салах!

Каролине Вознијацки е една од најпознатите навивачи на англискиот премиерлигаш Ливерпул и прес-конференцијата на Мастерс турнирот во Индијан Велс имаше директна порака до својот омилен тим.

Возниајцки оваа година конечно го оствари својот потенцијал, освојувајќи ја својата прва гренд слем титула на Австралија опен и станувајќи светска тенисерка број 1.

Сепак, таа реши да зборува за фудбалот, односно за Ливерпул во калифорниската пустина. За посилен Ливерпул таа вели дека на тимот им е неопходен Мо Салах, египетскиот напаѓач кој оваа сезона има 24 гола.

„Тој беше фантастичен и мислам дека е многу добар за тимот. Се надевам дека ќе успеат да го задржат подолго. Знам дека евентуално ќе мора да замине, но една молба до Ливерпул – потребен ни е Мо“, изјави Вознијацки.

Scroll to Top