Каролине Вознијацки, конечно, стана гренд слем шампионка и го освои првото место на ВТА листата, откако во финалето на Австралија опен во Мелбурн во драматичен меч полн со пресврти со 7:6(2)/3:6/6:4 ја победи првата носителка, Романката Симона Халеп, за која ова е трет пораз во третото гренд слем финале.
Во епскиот меч од 2 часа и 50 минути, конечно видовме едно израмнето гренд слем финале во женска конкуренција, а двете тенисерки мораа да добијат медицинска помош поради австралиската жештина во Мелбурн.
??#AusOpen pic.twitter.com/6qG9ZQ84RX
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 27, 2018
Халеп загуби брејк во првиот гем од третиот сет за да губи со 0:2, исто како во првиот сет, но Романката се врати за да направи брејк во маратонскиот трет гем од мечот во дури шестата брејк-шанса.
Вознијацки потоа го повика тренерот за третман на коленото, пред по третпат да загуби брејк и да губи со 3:4, откако Халеп доминираше од основната линија. Кога се вратија на теренот, Вознијацки повторно направи брејк за 4:4 и потоа повторно ја „скрши“ играта на Романката за да го освои мечот.
Congratulations Caroline! ?
Wozniacki is in tears as she wins her first ever Grand Slam! ? #AusOpen pic.twitter.com/ZGtMnawFUV
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 27, 2018
Двете тенисерки предходно загубија две гренд слем финалиња – Халеп двапати на Ролан Гарос, а Вознијацки двапати на САД опен. Вознијацки во понеделник ќе биде светска тенисерка број 1, шест години по нејзиниот прв успех.
„Сонував за овој момент толку години и сега едвај можам да зборувам од емоции. Сакам да се заблагодарам на сите за овие прекрасни две недели. Жал ми е што денеска не можеше да победи Симона, но сигурна сум дека ова не и е последна шанса за финале. Благодарност до мојот татко кој е тука за мене од мојата седма година. Благодарност до свршеникот, кој ме смири утрово. Ова е посебен момент“, вели Вознијацки.
Халеп ќе мора да чека нова шанса за гренд слем слава.
„Сакам да ѝ честитам на Каролине и на нејзиниот тим. Ова беше голем турнир за мене, посебно бидејќи на почетокот имав повреда на скочниот зглоб, а потоа имав фантастични мечеви. Секако, не е убаво кога ќе бидеш поразена, но Каролине беше подобра и го заслужува трофејот“, изјави Халеп.