Top Sport

Вознијацки се сврши со НБА ѕвездата Ли

Данската тенисерка Каролине Вознијацки објави дека е свршена со НБА играчот Дејвид Ли, завршувајќи ги последните возбудливи десет дена со убава вест.

Вознијацки се искачи на третото место на ВТА листата по победата на ВТА финалето во неделата, нејзиниот најголем успех во кариерата, иако претходно беше прворангирана тенисерка.

„Вчера беше најсреќниот ден во мојот живот, кога кажав да на мојата сродна душа, Дејвид Ли“, напиша 27-годишната тенисерка на Твитер.

Вознијацки претходно беше свршена со голферот од Северна Ирска, Рори Мекилрој, но нивната врска заврши неславно.

Ли во моментов е слободен агент, а претходно играше за тимовите на Сан Антонио, Голден Стејт, Њујорк никс, Бостон и Далас.

Scroll to Top