Шампионката од Австралија опен, Каролине Вознијацки влезе во второто коло на Ролан Гарос, надминувајќи го лошиот старт за 7:6(2)/6:1 побед анад Даниел Колинс.
Данката, која го освои првиот гренд слем во кариерата во јануари во својот 43. обид, не е специјалист за игра на земја, но изгледаше одлично во првиот меч во Париз, доминирајќи против Американката по тесниот прв сет. Вознијацки е една од шесте тенисерки кои турнирот можат да го завршат како светска тенисерка број 1.
Французинката Кристина Младенович пак, повторно имаше „топење“ пред својат адомашна публика губејќи со 7:6(10)/6:2 од Германката Андреа Петкович.
Младенович, која имаше неверојатни 15 порази во низа од крајот на јули 2017 до средината на јануари 2018, полека се враќаше во форма и изгледаше дека е на добар пат до победа во првото коло, пред по две двојни сервис грешки пропушти три сет-топки во првиот сет.
По ова, светската тенисерка број 107., Петкович, која се враќа по пауза од повредата, успеа да стигне до одлична победа.
Фото: ЕПА