Top Sport

ВТА листа: Швјонтек „прескокна“ 37 места

Сензационалната шампионка на Ролан Гарос Ига Швјонтек најмногу напредуваше на ВТА листата на која првото место и понатаму го држи Ешли Барти. 19 годишната тенисерка од Полска „прескокна“ 37 позиции на ВТА листата, таа од денес се наоѓа на 17 место.

На најновата ВТА листа нема промени на првите три позиции, Барти има 8.717 поени, втора е Симона Халеп (7.255), а трета Наоми Осака (5.780).

Финалистката на Ролан Гарос Софија Кенин од шестото скокна на четвртото место, петтата позиција ја задржа Елина Свитолина, а шеста е Каролина Плишкова која назадуваше две позиции.

Седма е Бјанка Андреску, а на осмото место е Петра Квитова која се врати во Топ 10. Деветтото и десеттото место се резервирани за Кики Бертенс и Серена Вилијамс.

Македонската Лина Ѓорчевска на ВТА листата се наоѓа на 347 место.

Scroll to Top