Роџер Федерер го држи петтото место на АТП листата, иако нема одиграно меч од јануари, кога на Австралија опен беше поразен во полу-финалето од Новак Ѓоковиќ.
Високата позиција на АТП листата, Швајцарецот ја држи благодарение на промената на системот на бодување, што ја предизвика пандемијата на коронавирусот. Поради намалениот број на турнири што се одиграа од март до крајот на сезоната, АТП ги „замрзна“ бодовите“. Ваквиот систем на бодување ќе важи до 8.февруари наредната година.
Потпретседателот на Тенискиот сојуз на Германија, Дирк Хордорф, упатил остри критики до Швајцарецот за начинот на кој што успеа да си ја задржи позицијата.
„За да се заштити, Федерер имаше влијание во промената на системот на бодување. Тоа е неодговорно, не е поштено. Некој ова мора да го каже јавно, јас немам проблем да го кажам тоа. Доколку не влијаеше врз промената на бодувањето, Федерер немаше да биде меѓу најдобрите 50 играчи во светот“, рекол Хордорф.