Top Sport

Вуелта: Ирска доминација – Бенет со победа, Роуч остана во црвено (видео)

Ирецот Сем Бенет стигна до својата прва победа на Вуелта Еспања откако во Аликанте во финишот на третата етапа успеа во спринт да ги победи Белгиецот Едвард Тојнс и Словенецот Лука Мезгец.

Ирскиот шампион Бенет (Бора-Хансгрое), победи со должина од цел велосипед, доминирајќи во спринтот од почеток до крај, а во одличен ден за Ирците, неговиот сонародник, Николас Роуч (Санвеб) ја заддржа лидерската црвена маичка по долгиот, но не премногу напорен ден во јужна Шпанија.

„Знаев дека ќе има брзо финале и дека ќе морам да влезам во напад прв. Но, не би можел да го направам ова без моите колеги, кои денеска беа совршени“, вели 28-годишниот Бенет, кој иронично нема договор за следната сезона.

Шпанецот Јон Аберастури (Каха Рурал) и Германецот Фил Баухаус (Бахреин Мерида) го комплетираа топ 5, додека најголем губитник беше Колумбиецот Фернандо Гавирија, кој по падот на тимската трка на хронометар во саботата, загуби многу време на единственото посериозно искачување на 40 километри пред крајот.

Scroll to Top