Top Sport

Вуелта: Валверде ја намали предноста на Јејтс (видео)

Сајмон Јејтс остана лидер во генерален пласман на Вуелта Еспања и по 17. етапа на трката, но неговата предност беше намалена од 33 на 25 секунди пред Шпанецот Алехандро Валверде по ден на планините, во кој најбрз беше Канаѓанецот Мајкл Вудс.

Вудс ја оствари првата победа на големите трки откако го совлада Белгиецот Дилан Тојнс во густа магла на 400 метри пред финишот на Балкон де Бизкаја планината во Баскија по 157 километри од Гечо. Тојнс заостана 5 секунди, а Шпанецот Давид де Ла Круз беше трет со 10 секунди заостанување.

Јејтс, кој се обидува да стане вториот Британец со победа на Вуелта по Крис Фрум лани, заврши со 2:48 заостанување зад Вудс на 17. место, како трет најбрз од ривалите за титулата во генерален пласман губејќи осум секунди од Шпанците Валверде и Енрике Мас. Наиро Квинтана ги загуби и така малите шанси за втора победа по таа во 2016, откако тој заврши 3:44 зад Вудс и падна на шестото место во генерален пласман со 2:11 зад Јејтс.

Во четврток на програмата е последната рамна етапа на Вуелта, во должина од 186.1 километри од Ехеа де лос Кабалјерос до Леида, по што следуваат два планински финиши на Пиринеите, каде што ќе се одлучува победникот на трката која завршува во недела во Мадрид.

Scroll to Top