Top Sport

Вуелта: Жение со 12. етапа, Ерада е нов лидер! (видео)

Французинот Александер Жение стигна до импресивна победа на 12. етапа на Вуелта Еспања во етапата во северна Шпанија, а трката доби нов лидер во домашниот фаворит Хезус Ерада.

На брзиот и технички финиш на надолнина на 181 километри долгата етапа, искусниот Жение (АГ2Р) почна со ран спринт и го задржа Холанѓанецот Дилан ван Барле (Тим Скај) на тесните улици за своја трета етапна победа на Вуелта. Украинецот Марк Падун (Бахреин-Мерида) беше трет пред Белгијците Дилан Тојнс (БМЦ) и Виктор Кампенартс (БМЦ) во финишот до светилникот Естаса де Барес во близината на Манон.

Хезус Ерада (Кофидис) пак, пристигна на 16. место со 2 и пол минути заостанување, но главната група беше далеку зад него со речиси 12 минути послабо време, и Шпанецот сега е нов лидер со 3:22 предност пред Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот), кој е една секунда пред Шпанецот Алехандро Валверде (Мовистар). Сепак, борбата за црвената маичка само што почнува, бидејќи од утре има три последователни етапи во планините на Астурија и Леон.

Scroll to Top