Top Sport

За малку хорор на велосипедска трка – причината е штрајк на сообраќајните полицајци (видео)

Третата етапа на велосипедската трка Волта де Гаруљос во Бразил за малку ќе завршеше трагично, откако бразилскиот велосипедист Ендриго да Роса Переира за малку ќе беше „собран“ од брз автомобил.

Велосипедистот на тимот Индајатуба предводеше група на велосипедисти на една кривина и во последен момент го избегна автомобилот, кој некако се нашол во заградената област за трката.  Според бразилските медиуми, сообраќајните полицајци не добиле дневница за работата и решиле да штрајкуваат.

Переира за среќа поминал само со удар во коленото и со уништен автомобил. Трката била прекината поради „безбедносни причини“, по што победник по четврти пат бил прогласен Родриго де Мело (Фанвик).

Scroll to Top