Светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа и американскиот непоразен предизвикувач Џарел Милер во Њујорк се обидоа да ја „кренат температурата“ пред нивниот меч, откако прес-конференцијата заврши со хаос, откако Милер го турна Британецот.
„Биг бејби“ Милер уште нема направено „име“ за себе во тешката категорија и покрај совршениот скор во рингот и мечот на 1 јуни во „Медисон сквер гарден“ ќе биде совршена шанса, иако против себе го има моќниот Џошуа.
„Доаѓам во ’големото јаболко’ и планирам да ја прифатам културата и да си заминам гладен за уште. Доаѓам преку Атлантикот да покажам каков боксер сум и да го растурам Милер во стил за да оставам сопствен печат“, вели 29-годишниот Џошуа.
?? #JoshuaMiller pic.twitter.com/CznxCxMtQw
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) February 19, 2019