Фудбалерот на Барселона, Џерар Пике, е еден од оние кои жестокот го критикуваа проектот, европска Суперлига. Проектот се распадна, по само 72 часа од основањето. Од 12 клубови, останаа уште три (Реал, Барселона, Јувентус) кои не се откажаа од Суперлигата.
Пике, меѓу првите на социјалните мрежи напиша дека „фудбалот му припаѓа на навивачите“.
Францускиот тенисер, Николас Махут, со прашање, жестоко му одговори на Пике: „А што е со Двевис купот?“.
Слични пораки Пике добил од многу тениски фанови, но и од Џуди Мареј, мајаката на Енди Мареј, Џонатан Ејсерик…
Пике стана сопственик на Дејвис купот. За да заработи повејќе пари, тој смени форматот, по кој се играше претходните 109 години.
За потсетување, Космос, за чие чело е Пике, заедно со јапонската компанија Ракутен, за три милијарди долари, во наредните 25 години, ги откупија правата за Дејвис купот.