Top Sport

Загина сноубордерот Алекс Пулин

Двојниот светски првак во сноуборд, Австралиецот Алекс Пулин (32), трагично настрадал на подводен риболов во својата земја, објавија локалните медиуми.

Безживотното тело на Пулин било пронајдено во Квинсленд голд плажата. Лекарите се обиделе, но не успеале да го реанимираат. Полицијата веднаш потоа потврди дека настрадал на подводен риболов во Палм бич.

Пулин на отворањето на Олимписките игри во Сочи го носеше знамето на Австралија. Два пати во кариерата бил светски првак, во 2011 и 2013 година. На Олимписките игри настапил три пати (2010, 2014, 2018).

Scroll to Top