Top Sport

Заврши легендарната низа на Јелена Јанковиќ

Србинката Јелена Јанковиќ се повлече од Австралија опен, така ставајќи крај на низата од 56 последователни настапи на гренд слем турнирите, со што остана на шест од вечниот рекорд на Аи Сугијама.

Последните сезони на поранешната светска тенисерка број 1 се одбележани со слаба форма и повреди, и не е јасно дали таа воопшто ќе се обиде да направи кам-бек на професионалнио тенис.

32-годишната ветеранка нема играно од САД опен поради повреда на грбот и во моментов е на 159. место на ВТА-листата по само 9-19 скор во 2017, сезона во која немаше ниту едно ВТА четврт-финале и имаше 0-9 скор против топ 25 тенисерки.

Полјачката Агњешка Радвањска, која сега има 46 гренд слем турнири во низа, е лидерка меѓу активните тенисерки.

Scroll to Top