Завршниот турнир во Дејвис купот оваа година ќе се одржи во Малага, објавија ИТФ и „Космос тенис“. Турнирот ќе се одржи од 21. до 27.ноември, на тврдат подлога во арената „Хосе Марија Мартин Карпења“.
Последен пат Девис купот гостувал во Малага во септември 2003 година. Тогаш во финалето Шпанија со 3-2 ја победи Аргетнина.
ИТФ и „Космос тенис“ сега треба да решат кој град ќе ја замени Малага како домаќин на една од групите. Останатите домаќини во фазата по групи ќе бидат Болоња, Глазгов и Хамбург.
Минатата година, титулата во Девис купот ја освои Русија.