Top Sport

Зголемен наградниот фонд на Вимблдон

Организаторите на тенискиот третиот гренд слем во сезоната, наречен уште и неофицијално светско превенство во тенис, го зголемија наградниот фонд за 7,6 отсто во однос на минатата година.

Наградниот фонд на тенискиот гренд слем Вимблдон, оваа година, изнесува 34 милиони фунти или 46,57 милиони долари.

Победниците во сингл, во машка и женска конкуренција, ќе добијат по 2,25 милиони фунти.

Најпрестижниот турнир во светот на тенисот ќе се одржи од 2. до 15.јули.

Scroll to Top