Скандал му претходеше на женското финале на Вимблдон. Според „Би-Би-Си“, организаторите, поради несоодветната опрема, ја исфрлиле финалистката во сингл во женска конкуренција Онс Жабер од загревањето пред почетокот на финалето на Централниот терен.
Тунижанката излезе на загревање во црна опрема, со намера да се подготви, да го почувствува теренот, а потоа да замине во соблекувалната и да се пресоблече, но тоа не ѝ го дозволи организаторот. Вимблдон строго се држи до пропишаните норми и правила.
Тенисерите и тенисерките мора да бидат во целосно бела опрема. Од ова година Вимблдон направи исклучок и им дозволи на тенисерките црна долна облека.
„Натпреварувачите мора да бидат соодветно облечени за тенис, што значи речиси целосно мора да бидат облечени во бело. Ова важи од моментот кога ќе стапнат на теренот“, стои во правилникот.
Поранешната Грен слем шампионка, Крис Еверт го поддржа овој потег на турнирот.
„Да ви кажам, Онс носеше целосно црна облека на Централниот терен и затоа ја избркаа. Ја натераа да се пресоблече во бело. Мора да носите бело на Вимблдон!”, изјави Американката.
Сепак, за Жабер немаше дополнителни санкции, а кога се пресоблече можеше да се врати на теренот.