Top Sport

Жанг го „здроби“ Џојс за преодната ВБО титула во тешка категорија

Новата голема британска тешкашка надеж, Џо Џојс доживеа тежок пораз од Кинезот Жилеи Жанг во Лондон, за да ја загуби преодната ВБО титула во тешка категорија и надеж за борба за големите појаси.

Во брутален меч, Жанг отвори повреда над окото на својот противник уште во втората рунда, која до шестата рунда беше толку лоша, што мечот беше прекинат за да се избегне сериозна повреда. Ова беше прв пораз во професионалната кариера на Џојс.

„Разочаран сум бидејќи бев лесна мета за неговата десница. Респект за Жилеи Жанг, ова беше добар меч и дефинитивно можев да бидам подобар. Тој е опасен противник“, изјави Џојс.

Scroll to Top