Top Sport

„Железниот“ Мајк се враќа во рингот на 12. септември

Боксерската легенда во тешка категорија, Мајк Тајсон денеска накави дека на 12 септември, во 54-тата година од животот ќе се врати во боксерскиот ринг во егзибициски меч против сонародникот Рој Џонс помладиот (51).

Медиумите во САД пренесоа дека нема да носат заштита на главата, но сепак ќе носат нешто поголеми ракавици. Мечот ќе трае 8 рунди, а ќе се одржи во Карсон, Калифорнија.

Мајк Тајсон последен пат боксуваше на 11 јуни 2005 година кога загуби од Кевин Мекбрајд.

За разлика од Тајсон, Џонс последен пат боксуваше на 8 февруари 2018 година.

Scroll to Top