Новак Ѓоковиќ и судијката поради која доби дисквалификација од Ју-Ес опен се главна тема во светските медиуми. Ѓоковиќ ја прифати одлуката која ја донесе судијата, се извини, но џентлменски не сакаше да го открие името на судијката.
Сепак во во времето во кое живееме лесно е да се открие нечии идентитет, или едноставно не беше возможно да не се открие името на судијката.
Нејзиното име е Лаура Кларк, има 56 години, а во тенисот се вљубила гледајќи ги Андре Агаси и Пит Сампрас. Во студентските денови започнала да суди, а во меѓувреме успеала да стигне и до главната сцена.
Покрај тенисот, таа е љубител на виното и обожува да патува.
Ѓоковиќ на крајот од 11 гем во првиот сет без гледање и без намера топчето од џебот наместо да го испрати кај момчињата задолжени за собирање на топчињата, во лицето ја погоди судијката.
Таа се фати за грлото, падна на теренот, притрчаа медицинските лица, а потоа судијката стана и без проблем го напушти местото.
Ова не и било прв пат да има „блиска средба“ со тениското топче. Пред неколку години еден тенисер додека сервирал ја погодил во истата. Топчето летало со брзина од 210 километри на час.
„На почетокот не знаев како треба да се движам, поради што во една прилика добив тежок удар во устата кој буквално ми беше преполовена“, признала Кларк.
Barcelona 2017 ohhhhhyeahhhh!
Life is damned good today. pic.twitter.com/sR2SGmsKgU— Laura Clark (@fishi810is) April 30, 2017