Top Sport

Жестока тепачка на ватерполо меч во женска конкуренција

Натпреварот во регионалната Дунавска лига, помеѓу женските ватерполо екипи на Јадран Сплит и Војводина од Нови Сад е прекинат поради жестока тепачка во базенот.

Како што пишува „24 sata“, тензиите започнале од почетокот на натпреварот. Негативната атмосфера кулминирала во финишот кога Дора Вујевиќ од Јадран, добила удар во окото, поради што завршила во болница.

Прекршокот не бил со намера, но бил вовед за хаосот што следувал неколку минути подоцна.

Еден груб фаул иницирал општа тепачка во базенот во унгарскиот град Шентес.

На крајот судиите го прекинале натпреварот, а победата со службени 5-0 им припаднала на ватерполистките на Војводина.

Scroll to Top