„Јас сум Кејт Аптон, денеска е ден за тенис“, вели Кејт Аптон во провокативно видео како дел од „адвентскиот“ календар на одбројување до Божиќ, како 19-ти ден за магазинот „Лав магазин“.
25-годишниот модел, чие тело честопати беше на насловните страници на специјалното издание во пливачки костуми на „Спортс илустрејтед“, има доволно врски со спортот, откако неодамна се омажи за безбол-ѕвездата Џастин Верландер.
Сепак, на Инстаграм таа кратко објасни.
„Овој удар беше почетокот и крајот на мојата тениска кариера“, напиша Аптон.
Кратка, но блескава кариера, дефинитивно.