Јапонецот Нориаки Касаи влезе во историјата на олимпискиот спорт. Зимските олимписки игри кои започнаа вчера, а денес беа свечено отворени во Пјонгчанг се осми последовни на кои настапува легендарниот Јапонец. Касаи на церемонијата на свеченато отворање на Игрите го носеше јапонското знаме.
Касаи, во четвртокот, настапи во квалификациите во ски скоковите на малата скокалница, во конкуренција на 57 натпреварувачи тој го освои 20.место и избори пласман во финалето.
Прв пат Касаи на ЗОИ се појави во 1992 година во Албервил, а до почетокот на Игрите во Пјонгчанг тој рекордот го делеше со Русинот Алберт Демченк кој се повлече по Олимпијадата во Сочи пред четири години.
45-годишниот ско скокач во 1994 година во Лилехамер освои сребрен медал, а во Сочи се закити со сребро и бронза.