Жоао Феликс е на чекор од Челзи!
Како што потврди Фабрицио Романо, Челзи е блиску до конечен договор со Атлетико Мадрид, усно се договориле за се, останатите детали се околу начинот на плаќање.
Феликс ги постигна сите лични услови со Челзи, тоа го потврди и Романо.
Атлетико и Челзи секако се во постојан контакт поради Конор Галагер, но тоа се одвоени работи.
„До вторник, најдоцна до среда, се ќе биде готово со Феликс и Галагер“, откри Матео Морето.
Деталите не се познати, но веќе беше познато дека Челзи ќе треба да плати околу 50 милиони евра. Од друга страна, Атлетико мораше да плати најмалку 40 за Галагер, така што бројките се приближни, иако не се работи за размена, туку за директни трансфери кои наскоро ќе се реализираат.