Скопје од 9 до 11 ноември ќе биде домаќин на една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија „Златен Гонг“. Во малата сала во арената „Борис Трајковски“ престижната боксерска манифестација ќе се одржи по 47 пат.
Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.
На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина АМС се јавува како генерален покровител.
Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.