Top Sport

Злато за Гајгер на СП во скијачки летови

Германецот Карл Гајгер го освои златниот медал на Светското првенство во скијачки летови. До златото на легендарната скокалница Планица, Гајгер дојде со скоковите од 241 и 240,5 метри.

Гајгер вкупно освои 877,2 поени. На второто место со само 0,5 поени помалку се пласира Егнер Гранерунд од Норвешка. Успехот на Германија го надополни Маркус Ајзенбихлер на кого му припадна бронзениот медал.

Во недела продолжува Светското првенство, на програмата е натпреварот во екипна конкуренција.

Scroll to Top