Македонскиот џудист Хамза Јашари го освои златниот медал на Кадетскиот европски куп, откако победи во сите пет меча.
Хамза прво го победи Романецот Габор Ѓерѓељ со ипон, по што со два вазари го совлада Дан Матусовиц од Германија. Во полуфиналето тој го совлада Италијанецот Луиџи Чентракио со два вазари, за во големото финале да го победи Матео Цук од Германија.
„Неверојатно е да се освои првото злато за Македонија во ЕЈУ купот. Со џудото сум од мојата седма година и живеам за него. Никогаш не сум се обидел со друг спорт, бидејќи ова беше љубов на прв поглед. Моето семејство ме поддржува и затоа овој успех е посебен, иако тие немаат интерес во џудото како мене. Ова ми е прво злато од кога почнав со натпреварувањата во 2012 година. Се надевам дека ова е само почеток“, изјави Јашари.